Категории

Што значи кога бебињата се смеат во сон?

Често пати додека спијат, бебињата се смешкаат, поради што родителите често се прашуваат што сонуваат во моментот кога се смешкаат.

Многу бебиња додека спијат прават различни гримаси и движења. Но сепак, сонот на бебињата далеку се разликува од сонот на возрасен човек.

Додека возрасните само 20% од времето додека спијат го поминуваат во фаза на спиење, бебиња сонуваат 50% од времето или повеќе.

Речиси секогаш сонуваме работи со кои веќе сме се соочиле и со кои сме имале искуства, само со малку изменети детали. Судејќи по тоа, голема е веројатноста дека бебињата најпрво се сонуваат самите себе си, нивниот плач и основните физиолошки потреби, а како времето поминува, почнуваат да сонуваат познати лица и гласови, како на пример мајката и таткото.

 

Прегледи:
2188
Објавено на:
09.11.2017