Славниот пар Кристијано Роналдо и Георгина Родригез очекуваат девојче, а сето тоа беше случајно откриено на социјалните мрежи.
23 годишната Георгина Родригез на својот инстаграм профил објавила видео на кое таа танцува на часот по салса. Под видеото таа напишала коментар за својата учителка, која е професионална танчерка, а таа среќно и непромислено на тоа одговорила :
„Навистина ми е драго што танцував салса со тебе. Навистина сме задоволни од тоа како помина на твојот прв час. Девојчето кое го носиш во твојот стомак ќе биде одлична танчерка.“
По кусо време коментарот бил сосема избришан од социјалните мрежи.
Инаку, ова е четврто дете на Кристијано Роналдо, откако изминатото лето доби близнаци. Тој ги потврдил среќните новости на јавноста, и изјавил дека е навистина среќен поради бебето кое допрвa ќе пристигне.