Категории

Дошол до генијална идеја за да и помогне да го продаде автомобилот (Видео)

Да продадете кола стара 21 година е навистина тешко, но доколку сте креативни, тоа може да биде многу полесно.

Макс Ланман, писател и директор од Лос Анџелес креираше одлична реклама за автомобилот на својата свршеница, “Honda Accord” од 1996 година. Рекламата стана вирална, а автомобилот скоро секој сакаше да го има.

Пет дена откако возилото наречено “Greenie” беше пуштено во продажба,  наддавањето достигна 150 000 долари, а видеото достигна четири милиони прегледи. Но, за жал “eBay” ја затвори листата, поради “необичната понуда”.

Прегледи:
427
Објавено на:
12.11.2017