Приказните за Куба ќе ве натераат да заминете во оваа прекрасна земја, каде ќе ја откриете магијата, особено  на главниот град Хавана.

Куба е земја со најголем број олдтајмери, која ги примамува најбогатите колекционери на стари автомобили од целиот свет. За само 40 центи можете да се возите во Форд, Шевролет или друг автомобил кој е постар од вас. Тие претставуваат вистинско богатство за сопствениците.

Луѓето од Куба се многу љубезни и гостопримливи. Многу е битно со нив да имате контакт со очите, да бидете добро располложени и да бидете љубезни.

Куба важи и за земја, каде луѓето најмногу пушат цигари. Не е ни чудно, со оглед на тоа дека најдобрите цигари се произведуваат токму таму.

А за сите љубители на латино музиката, Куба е одлична дестинација каде може да заиграте во ритамот на конгата, румбата, салса, мамбото и ча-ча-ча.