Дваесет годишната Хајли Болдвин е познат модел на денешницата.
Оваа година, списанието “Maxim” ја прогласи за најубава жена на светот. Таа го освои Шон Мендез, деветнаесет годишен пејач и текстописец, чии песни постојано се свират на радиостаници ширум светот, а девојките лудуваат по него.
По се изгледа дека тие се новиот пар на холивудската сцена. На доделувањето на MTV EMA наградите, двајцата не се одвоија еден од друг.