Откако Селена го остави заради Џастин Бибер, Тhe Weekend реши да и се врати на поранешната девојкa, која претходно ја напушти заради Селена.
Станува збор за манекенката Бела Хадид, а пејачот е “фатен” како излегува од зградата во Њујорк, каде нејзината мајка, Јоланда Фостер, има стан.
Тhe Weekend и Бела заедно беа 18 месеци и прекинаа мината година. Откако тие раскинаа, имаа непријатна блиска средба на една од ревиите на “Victoria’s Secret”, по што многу од фановите се надеваа дека ќе се смират.
На крајот, желбата на фановите им се исполни.