Категории

Пиењето на чај е посебен ритуал кој сега можете да го доживеете и во Скопје

Даровите од природата, внимателно селектирани, собрани, обработени и преточени во една магична напивка чие пиење претставува своевидна уметност.

Сосема природна напивка, која ги буди сите сетила, а користена од древни времиња, како лек за телото и душата. Чајот, со прекрасни ароми на совршено искомбинираните вкусови од билки, цветови, овошја е благодет за целото тело.

Пиењето чај е посебен ритуал, време кога го посветувате на себе, да уживате во шоља од внимателно избраните билки, приготвени на идеален начин, во комбинација со вкусна закуска.

Уметноста на пиење чај, составена од врвни квалитетни чаеви и соодветни закуски, можете да најдете во ресторанот на Хотел Руссиа.

Пробајте ги чаевите со кофеин, за енергија во текот на целиот ден или пак нека ве разгали вкусот на ароматизираниот рoоибос чај во есенските вечери, а овшните чаеви како „Бора Бора“ вкусете ги во текот на денот, за со неговиот егзотичен раскош и вкус на папаја да ве освежи и ве натера мисловно да отпатувате во некои егзотични предели.

 

Сладок почеток на неделата… Рооибос божиќен чај и трилече ❤ Рооибос чај, овошна свежина и вкус кој трае…составен од парчиња јаболко и цимет, кориандер, звездест анасон, парчиња портокал, кардамом, црвен бибер и каранфилчиња. Повелете на топол чај и трилече во ресторанот на хотел Руссиа. #hotelrussia #dessert #restaurant #awesome #style #skopje #chocolate #relax #enjoy #friends #coffeetime #happiness #фотонаденот #среќа #фотонанеделата #инстаграмџики #инстаграмџии #vscoskopje #hotandcold #russia #food #tasty #chef #amazing #bestintown #tea #teatime

A post shared by Hotel Russia (@hotelrussia_official) on

Како да го започнете денот? Со црн или зелен чај, а можете да изберете меѓу повеќе вкусови и да ја најдете вашата магична утринска напивка.

Со Црниот чај, ароматизиран или не, како традиционалниот English breakfast создадени од високо квалитетен цејлонси чај или пак Earl Grey, збогатен со масло од бергамот и освежителна и возбудлива арома на цитрус кој го прави уникатен и незаменлив за многумина.

Зелениот чај е одичен за почеток на денот, но и во било кое време. Особено Gunpower Temple of Heaven со својата суптилна арома, познат како бисерен чај, заради неговата топчеста форма која ја добива во процесот на сушење во ротирачки садови, што е и показател за неговиот квалитет.

 

Љубителите на авантура, може да отпатуваат со ароматизираните вкусови на зелениот чај, како Јасмин, кинески чај за секоја пригода, со опојна и интензивна цветна арома или пак, Ангелски бакнеж кој е вистинско боженствено искуство, со миксот на црн и бел чај, надополнет со ананас и јагода, а ружините цветови се додаток кој е исклучително впечатлив и неодолив.

Рооибос чајот својата слава ја стекнал поради своето благотворно и закрепнувачко дејство врз човечкиот организам. Тој е најдобар чај за зајакнување на имунитетот и за подобрување на крвта, а во ресторанот во Хотел Руссиа може да прбате повеќе ароми од овој чај. Калинка, свежина и вкус кој трае или пак Ориентална ноќ, кој ќе ве заведе со својот вкус на цимет и ванила. Мелем за очи и душа е и Рооибос еукалиптус, со кората од сладок портокал и ливчиња еукалиптус, тука е и Божиќниот, чија ориентална жичка ќе ве стопли овие студени денови и ќе ве потсети дека празниците се се поблиску.

Healthy traditional organic rooibos tea with spices in rustic style with faded instagram filter on vintage wooden table

Вистински елегантен вкус ни нуди белиот чај, богат со антиоксидански, а се произведува од младите листови и пупки на растението Camellia sinensis, кои се сушат на сонце или под дејство на пареа, без ферментација. Има најмалку кофеин во него, околу 1% од шолја кафе, и најсуптилен вкус, а има релаксирачко и смирувачко својство заради присуството на аминокиселната теанин. Сладкоста и специфичниот вкус на овој чај можете да ги вкусите со Yunnan Special White во чиј цветен мирис и боја на изгрејстонце ќе се заљубите. Додека Бели ноќи, високо квалитетниот бел чај надополнет со црвени рибизли и грозје, е вистинско премиум задоволство.

Ритуалнот на пиење чај е посебно обележје во многу култури, а кај нас можете целосно да го искусите во ресторанот на Хотел Руссиа, со нивната специјална понуда на овие деликатни вкусови на чаеви во комбинација со соодветни сендивчи и десерти. Пробајте ги ароматизираните чаеви со десерти како тирамису, чоколадна торта или cheese cake, релаксирајте се и искусете нешто поинакво, дозволете вашето тело да ги почуствува благодетите на совршено обработените плодови од природата.