Категории

Спектакл во Шангај: ШОУТО НА VICTORIA’S SECRET 2017

Најголемиот спектакл во годината – парадата на најубавите жени во светот по долна облека синоќа се одржа во Шангај.

Иако годинава голем број модели не учествуваа поради административни проблеми со нивните визи, брендот сепак успеа да направи се да изгледа магично. Адриана Лима, Алесандра Амбросио, Кендис Сванапул, Лили Олдриџ, Карли Клос, Бела Хадид, Тејлор Хил се само мал дел од моделите кои го разубавија овогодинешното шоу.

 

Како и секогаш, шоуто беше поделено на шест сегменти а оваа година тоа беа:
Punk Angels – долгоочекуваната соработка со брендот Balmain
Goddesses – инспирирана од грчките божици
Millennial Nation
Winter’s Tale
Porcelain Angel
Nomadic Angels
Перја, чипка, светки, екстравагантни крилја со вртоглаво шаренило беа само дел од изгледите кои направија оваа ревија да биде одбележана во историјата.
За музичкиот дел се погрижија Harry Styles, Miguel, Jane Zhan и многу други.

Ветеранот со статус “ангел” Алесандра Амбросио за последен пат дефилирапе на ревијата на брендот. 36-годишната манекенка беше дел на шоуата цели 17 години.

Ангелот Лаис Рибеиро го претстави овогодинешниот ‘градник од фантазиите’ именуван како “Champagne Nights” вреден 2 милиони долари.

За прв пат на шоуто се случи мала незгода, моделот Минг Ли се лизна и падна додека чекореше на пистата, потоа се исправи и гордо продолжи да оди што беше поддржано од огромен аплауз од публиката.

Ви ги претставуваме сите изгледи од овогодинешниот моден спектакл на шоуто на Victoria’s Secret..

Прегледи:
1199
Објавено на:
21.11.2017