Категории

Доколку ги внесувате овие намирници пред спиење, ќе се будите ненаспани

Ви откриваме која храна треба да ја избегнувате пред спиење, но и кои намирници поттикнуваат ослободување на хормонот мелатонин кој е одговорен за квалитетниот сон.

Одредена храна го ремети сонот, но постојат и намирници кои се препорачува да се јадат пред спиење бидејќи поттикнуваат квалитетно спиење. На пример, мисирката е добар избор бидејќи содржи големи количини на триптофан – амино киселина која помага во ослободување на мелатонин.

Трипофанот исто така се наоѓа и во други видови на храна кои се богати со протеини, а недостатокот на овој хормон доведува и до недостаток на серотин – познат како хормон на среќата. Исто така, доколку сакате добро да се наспиете, не јадете по 20 часот и избегнувајте алкохол.

Намирници кои помагаат добро да спиете:

  • мисиркино месо
  • пилешко месо
  • риба
  • јајца
  • млечни производи
  • свежи цреши
  • сушени цреши
  • сок од цреши
  • авокадо
  • банани
  • мед
  • бадеми
  • ореви
  • овес

А ова се намирниците кои не треба да ги внесувате доколку сакате добар сон:

  • мрсна храна
  • пржена храна
  • чипс
  • сладолед
  • многу зачинета храна
  • алкохол
  • кафе

 

Прегледи:
414
Објавено на:
22.11.2017