Категории

Скапоцено домашно ѕвонче со камера чини 100 000 долари

Компанијата Ring која се занимава со производство на апарати за домаќинство, го претстави ограничениот модел на домашно ѕвонче, кое чини 100.000 долари.

Ѕвончето поседува камера, а украсено е со злато, дијаманти и сафир. Поточно, продавницата за  накит Bijan Jewelry икористила  2.077 сафири, 40 дијаманти и 18-каратни златни таблички.

Скапоценото ѕвонче се базира на Doorbell Elite, тенок модел со супериорни функции, како HD надзор и инфрацрвен ноќен вид. Ова ѕвонче треба да се продава по цена од 450 до 500 долари, но луксузните украси му ја зголемија цената на 100.000 долари.

Компанијата Ring ќе продава 10 ѕвончиња, а средствата ќе бидат донирани на британските организации, кои се залагаат за намалување на криминалот.

Прегледи:
630
Објавено на:
23.11.2017