Категории

Нова забава за скопјани: Лизгалиштето е отворено за сите љубители на добрата забава на мра

Намалувањето на температурите можеби не тера да бидеме се почесто дома, но скопјани имаат нова опција за забава. 

Во неделата со добра забава се обележа стартот на лизгачката сезона. Vip ЛИЗГАЛИШТЕТО во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ и официјално отворено за сите љубители на добрата забава на мраз. Спектакуларна забава на мраз со денс атракцијата “Битрикс кру”, а за добрата музика беше задолжен диџеј Бугимен.

 

Лизгалиштето е отворено за сите љубители на рекреативното лизгање и убавината да се лизга на вистински мраз и воедно нуди одлични услови кои се мотивација за деца и млади луѓе кои ќе одлучат да ги изучуваат тајните на уметничкото лизгање во школата за уметничко лизгање.

 

Прегледи:
521
Објавено на:
23.11.2017