Категории

Кога љубовта на далечина завршува со среќен крај

Роб и Џоли прв пат се запознале за време на едно патување. Меѓутоа, уште од самиот почеток, постоел проблем помеѓу нив. Роб живеел во САД, додека Џоли на Филипинте.

По нивното запознавање, тие станале пријатели на Фејсбук. Нивната секојдневна комуникација и размислување еден за друг, ги натерало повторно да се сретнат.

Бидејќи живееле далеку, морале да бидат креативни. Затоа што живелее многу далеку, решиле да се сретнат на „половина пат“, во различни земји ширум светот.

Иако за време на патувањата уживале еден покрај друг, сепак, на крајот морале повторно да се разделат. За таа цел, како „сувенир“ од нивните патувања решиле да земат нивна слика од секои посетено место.

Иако на почетокот фотографиите ги споделиле само со своите најблиски, подоцна решиле да ги споделат и јавно, со цел да ги мотивираат паровите, особено оние кои живеат далеку, а сакаат да бидат заедно. Со овие фотографии тие сакаат да им пренесат порака дококу го следат срцето, имаат верба, ќе успеат и ќе останат заедно.

На крајот, се венчале и направиле свадба во кругот на роднините и најблиските пријатели.

Прегледи:
417
Објавено на:
24.11.2017