Поранешниот најдобар фудбалер на светот Роналдињо, најави дека ќе ја заврши својата кариера во 2018 година.
Поранешниот фудбалер на Барселона и Милан две години е без клуб откако замина од Флуминенсе по само три месеци. Тој има намера да потпише за уште еден клуб пред официјално да се „пензионира“.
– Постои голема шанса да ја завршам кариерата следната година. Ќе размислам како ќе го одбележам моето збогување со професионалниот фудбал. Потоа ќе се посветам на музички проекти или фудбалски школи. Ова е нешто ново за мене. Морам да се адаптирам, изјави Роналдињо.
37-годишниот Бразилец две години игра егзибиски фудбал низ цел свет, а исто така ја врши улогата на амбасадор на Барселона. Беше прогласен за најдобар играч на светот во 2004 и 2005 година.