Категории

Една порција сирење го намалува ризикот од мозочен удар

Секојдневното конзумирање масно сирење е добро за здравјето.

Едно истражување кое е спроведено во Кина потврдува дека една дневна порција сирење би можела да го намали ризикот од мозочен и срцев удар.

Количина од 40 грама сирење го намалува ризикот од развој на болести на срцето, а истата дневна количина го намалува и ризикот од мозочен удар за 10%, велат резултатите од истражувањето.

До многу слични заклучоци доша и една британска студија. Според резултатите добиени од научниците од Универзитетот во Рединг, сирењето содржи заситени масни киселини, но содржи и добри хранливи нутриенти.

Прегледи:
361
Објавено на:
11.12.2017