Црното чоколадо се препорачува да се консумира наместо млечното, дури може да се консумира и на дневна основа без да ви се зголемат килограмите, но секако во ограничени количини.
Црното чоколадо е богато со какао, кое има висок процент на флавоноид, антиоксиданси кои го намалуваат крвниот притисок, ја подобруваат когнитивната способност и најверојатно го намалуваат ризикот од дијабетес.
Црното чоколадо е богато е со минерали како што се калциум, бакар, железо, магнезиум, манган и калиум, додека стеаринската киселина нема никакво влијание на здравјето.
Доколку го користите секојдневно, важно е тоа да биде во мала количина и со најмалку 60 % какао.