Категории

Вежби за цврсто тело инспирирани од движењата на животните

Дали долго време размислувате да започнете со вежбање,  но не сакате тоа да биде со кревање тегови и тешки вежби во теретана?

Доколку сакате да го направите ова со лесни и едноставни вежби, тогаш започнете да ги гледате животните. Нивните движења се природни, а тие се секогаш во добара форма, па обидете се да ги повторувате.

Виткање на грбот како мачка

Оваа поза може да ја правите секој ден без никакви подготовки додека сте дома. Корисна е и им помага на оние со искривен грб, гo прави телото пофлексибилно, ги зајакнува мускулите и го подобрува снабдувањето на крв во другите органи.

Висење и искачување како мајмун

Висењето по шипки и одржувањето рамнотежа или качувањето на дрво, го зголемува нивото на меморија и ги подобрува менталните способности. На овој начин ќе ги зајакнете мускулите и мозокот.

Трчање како гепард

Tрчањето е секогаш добро за здравјето и изгледот на телото на човекот, секако, во граници на нормала. Ова е најдобар лек против депресија, нервоза и други „проблеми“.

Исправување на телото како змија

Редовното практикување на оваа едноставна вежба ги подмладува мускулите во абдоменот и грбот, ја подобрува функцијата на тироидната жлезда, цревата и бубрезите. Оваа вежба секако, не е препорачлива за трудници и луѓе со сериозни повреди во грбот.

Пливање како риба

Пливањето помага при согорување на калории и му овозможува на телото да остане во добра форма и го полни со енергија. На луѓето кои имаат дијабет им се препорачаува да пливаат 3 пати неделно за да го одржуваат под контрола нивото на глукоза.

Скокање како антилопа

Скокањето е корисно за здравјето.На пример, со само 5 минути на ден скокање на јаже ќе го заштитите телото од заболувања како остеопороза, а ќе се чувствувате многу подобро.

Прегледи:
575
Објавено на:
11.12.2017