Категории

Покрај здравите, сојата има и штетни состојки кои мора да ги знаете

Во минатото, сојата како дел од исхраната била позната само во азиските земји, бидејќи нејзините ферментирани производи биле богати со белковини и ја дополнувале храната базирана на ориз.

Но, и покрај здравите состојки, сојата и нејзините производи содржат релативно голем број опасни состојки, кои можат сериозно да го загрозат вашето здравје.

Неповолните состојки во сојата можеме да ги поделиме на две главни групи и тоа на неповолни состојки во семето на сојата и неповолни состојки на изолати т.е. производи издвоени од сојата.

Неповолни состојки во семето на сојата: питична киселина (во облик на питат), инхибитори на ензими во дигестивниот процес, хемаглутинин, изофлавини, генетски модифицирани видови на соја, хермициди и пестициди применети во нејзиното производство.

Овие состојки можат да предизвикаат проблеми и нарашувања на организмот. Затоам најубаво е сојата да се консумира ограничено на една порција дневно. Можете да земете тофу наместо рафинирана храна како месото од соја.

Сојата треба да се јаде умерено затоа што содржи фитоестроген кој делува како естроген во вашето тело, а многу естроген може да предизвика развивање на рак на дојката.

Студиите покажале дека големи дози на соја суплементи можат да ги зголемат ризиците од рак. Поради тоа, жените кои во својата фамилија имаат историја на вакви заболувања за да бидат сигурни треба да избегнуваат да јадат сојини производи. Истото важи и за оние кои имаат заболувања на тироидната жлезда.