За некои луѓе самотијата претставува секојдневна битка. Наместо да се чувствуваат смирено и спокојно, недостигот на други личности кај нив предизвикува чувство на анксиозност, осаменост и тага. Доколку ова е вашата реакција кога сте сами, тогаш веројатно не сте се навикнале да се адаптирате на самотијата.
За среќа, имате можност да го истренирате мозокот да размислува поинаку, а тоа ќе предизвика многу придобивки во вашиот живот. Во тој случај ќе научите да уживате во предностите кои ги носи самотијата.
Ќе се посветите на активностите во кои уживате
Кога сте во постојано друштво на луѓето околу вас, активностите во кои учествувате се резултат на желбите на мнозинството. Тоа значи чести компромиси и исполнување туѓи желби. Кога сте сами, вие ја избирате активноста индивидуално. Тоа може да вклучува некое хоби, или надградување со учење на нешто ново и непознато.
Кога ќе се најдете во друштво на луѓе, повеќе ќе уживате во нивното присуство
Колку и да ги сакаме, нашите пријатели и роднини понекогаш знаат да бидат напорни. Кога сме постојано помеѓу луѓе, реагираме и на најмали ситници. Како резултат на тоа се јавуваат глупави кавги и недоразбирања. Кога ќе одвоите време само за себе, ќе се фокусирате на убавите работи во друштво на пријателите и роднините.
Подобро ќе ги спознаете сопствените чувства
Понекогаш аверзијата кон осаменоста е всушност аверзија кон сопствените чувства. Кога ќе поминете време сами со себе , препуштени сте самите на себе и своите чувства. Ова не е едноставно, но е екстремно корисно.
Ќе имате повеќе време за читање
Тешко е да најдете време за читање кога постојано сте опкружени со луѓе. Тоа за жал е така, бидејќи читањето е една од неколкуте ретки активности кои го изоструваат мозокот. Наместо да се сожалувате, искористете ја осаменоста како шанса за читање, учење и развивање.
Ќе ја зголемите својата продуктивност
Да бидеме искрени. Понекогаш се форсираме да бидеме во друштво како изговор да не направиме ништо корисно. Лесно е да се одложуваат задачите, а наместо тоа да се забавувате со пријателите. Доколку одвоите време за себе, ќе се фокусирате повеќе на задачите и нивното извршување.
Вашите пријатели ќе ве ценат повеќе
Како што времето поминато сами со себе ве поттикнува да ги цените пријателите повеќе, исто така и вашите пријатели ќе ве ценат повеќе и ќе им недостигате. Тоа значи дека повеќе ќе уживате во заедничките мигови.