Категории

И малите китови шепотат со своите мајки (ВИДЕО)

Според резултатите од едно истражување направено од тимот истражувачи од Данска и Австралија, малите китови имаат „тивка комуникација“ со своите мајки со цел да избегнат потенцијални напади од грабливците.

Потенцијалните грабливци, како што е китот убиец, можат да ја чујат комуникацијата помеѓу китовите женки и нивните младенчиња и на тој начин лесно пронаоѓаат младенче.

Китовите се познати по гласните звуци кои ги испуштаат како повик кон другите припадници на својот вид.

Прегледи:
313
Објавено на:
14.12.2017