Сте пробале ли коктел од Нутела и вотка? Доколку одговорот на ова прашање е „не“, тогаш ви препорачуваме да пробате, бидејќи од овој коктел нема да може да се одвоите во текот на целата зима.
Нутела коктелот е одличен за да ги дочекате и поминете прекрасна вечер заедно со вашите пријатели. И најбитното, лесен е за подготовка, а веќе ги имате и сите потребни состојки за негова подготовка.
Потребни состојки
250 грама Нутела
200 милилитри млеко
250 милилитри вотка
50 грама кафеав шеќер
Начин на подготовка:
Измешајте ги во блендер млекото, Нутелата и кафеавиот шеќер. Матете додека шеќерот целосно не се растопи. Потоа додајте ја вотката и матете на најголема брзина во блендерот. Овој коктел послужете го со мраз. Ако во некој случај вие и вашето друштво не ја испиете целата подготвена количина (иако се сомневаме), овој Нутела коктел можете да го чувате во фрижидер до месец дена.