Многу често бендовите и артистите кои прават еден голем хит, наскоро потоа се распаѓаат или исчезнуваат. Ако се доволно среќни, може да доживеат уште еден слично добар хит пред да бидат заборавени.
Погледнете ги најпознатите хитови од бендовите и артистите кои имале само „5 минути слава“.
“Take on Me” – A-ha
Хитот „Take on Me“од 1985 година брзо ги освои топ листите благодарение на совршената комбинација од синтисајзерски поп со акустични гитари и клавијатури. Заедно со незаборавниот видео спот, оваа песна од 80-тите им овозможи место на A-ha во историјата.
“Bitter Sweet Symphony” – The Verve
https://youtu.be/HgS0o2-ZYW4
Британскиот алтернативен бенд не е многу познат, освен овој хит кој ја позајмил централната музичка тема од оркестарска верзија на „The Last Time“ од Rolling Stones. Овој хит добро се држи и денес и многу често се смета за најдобрата песна од 90-тите.
“Na Na Hey Hey Kiss Him Goodbye” – Steam
Steam всушност бил фиктивен бенд, создаден од текстописецот Пол Лека, кој подоцна навистина создал група по успехот на синглот. Бендот се распаднал пред да може да направи нешто, па Пол направил нов.
“Come On Eileen” – Dexys Midnight Runner
Oвој англиски бенд го освоил првото место со пијано, бас, тапани, виолина и фалцет рефрен. Оваа песна не би била хит во секоја ера, но била вистинско освежување за 80-тите. За жал, и овој бен не успеал да го повтори својот успех.
“Who Let the Dogs Out?“ – Baha Men
Овој хит од 2000 година е всушност преработка на поранешна верзија напишана и изведена од Анлсем Даглас. Иако песната не се ни доближи до првото место на топ листите (едвај стигна до 40-то), без сомнение е огромен хит и културен феномен. Оваа песна ќе хит и за многу генерации кои следуваат.
“Play That Funky Music” – Wild Cherry
Песната е токму дело на 70-тите, нешто помеѓу диско и рок со незаборавен вокален перформанс и рефрен кој е невозможно да го заборавите.