Категории

Седењето во тишина е добро за луѓето

Секојдневно сме изложени на различни звуци, кои често предизвикуваат појава на стрес, нервоза, депресија. Многу од звуците имаат негативно влијание врз мозочните клетки.

Поради тоа, многу од научниците сметаат дека седењето во тишина има позитивно влијание на луѓето и ја поправа штетата кој ја прават звуците. Во прилог прочитајте неколку причини зошто треба секој ден да се издвојуваме од штетните звуци.

Тишината смирува

Кога сме изолирани од звуци, мозокот се смирува и почнуваме да се чувствуваме мирно и спокојно. Тишината ни овозможува подобро да се поврземе со самите себе, без ништо друго да го одвлече нашето внимание.

Ги поправа мозочните клетки

Тишината ги поправа неговите клетки и ги подмладува. Тој процес води кон подобро помнење, поголема толеранција на стрес и чувство на добар одмор. Тишината за нашиот мозок е како здравата храна за нашето тело.

Ги подобрува останатите сетила

Кога седиме во тишина, стануваме посвесни за своето опкружување и успеваме да слушнеме звуци за кои можеби и сме заборавиле дека постојат. Тишината не го подобрува само слухот, туку и сите останати сетила.

Го забавува брзиот ритам на живот

Во денешно време сите имаме брз ритам на  живот. Затоа е исклучително важно да забавите и да го искусите сегашниот момент во целост. Тишината нè смирува и нè забавува, а со самото тоа ни дава можност да се ослободиме од насобраниот стрес.

Го подобрува нашето внимание

Во тишината мозокот има прилика да се фокусира на нешто без напор и сметање. Во тишина концентрацијата се подобрува, помнењето работи подобро.

Прегледи:
516
Објавено на:
25.12.2017