Причините поради кои паровите ја раскинуваат врската не мора да бидат лимитирани само на неверство, неискреност или пак друга лоша особина. Доказ за ова е и фактот дека голем дел на добри девојки и жени на крајот остануваат со скршено срце. Но кои се причините за ова?
Дали секогаш вие „трчате“ по него?
Дали сакате повеќе љубов, внимание и секс отколку што што добивате од партнерот? Дали имате чувство дека вие постојано се обидувате да го решите проблемот? Ако се најдете во некое од овие прашања, вашата врска не е во ред и голема е веројатноста тој да чувствува дека е во врската под притисок. Важно е да знаете дека ова не е ваша вина. Повеќето мажи бегаат од емоционален притисок како да е борба за опстанок. Тоа влијае на нивното разбирање на машкоста и ги прави да се чувствуваат несигурни, како се што направи за вас да не е доволно добро, се чини дека тие попрво ќе се повлечат, а не работат на решавање на проблемот.
Вашата врска е натпреварување?
Доколку мажот треба да се „бори” со жената за тоа кој да ја има “контролата” во врската, тој смета дека во животот на таа жената нема место за мажи. Тоа е добро да се запамети бидејќи тоа е многу важно во врската. Тоа не значи дека мажот треба да ја контролира целата врска. Секоја страна треба да имаа контрола во одредени области, но ако жената во врската се однесува како да апсолутно се може сама и вели дека треба се да прави сама, на крајот ќе заврши сама. Вие не треба да се чувствувате како да се борите со вашиот партнер за нешто, врската ве прави соиграчи а не противнички играч. А и на крајот што ви е толку тешко да му дадете да ви ја отвори теглата иако можете и сама, да смени сијалица или пак да ви ја отвори вратата.
Не чувствувате почит
Никогаш нема да можете да изградите стабилна и сериозна врска со маж кој не го почитувате. Да имате стабилна врска значи дека сте тука еден за друг, како и тоа дека го цените неговото мислење. Мажот треба да знае дека во моментот на слабост кај вас ќе најде поддршка, а не осуда. Нека знае дека вие сте во состојба да поминете преку сè. Дајте му на знаење дека само вие сте му најјаката поддршка која може да ја добие во моментот кога сè околу него тргнува наопаку.
Извор : Бркајработа.мк