Категории

Овој трик со чаша вода ќе ви покаже дали е квалитетна вашата коса

Ова е одличен начин да проверите во каква состојба е вашата коса – добра или лоша. Доколку откриете дека е во лоша состојба, следува и совет како едноставно да го вратите нејзиното здравје и свежина.

Се што треба да направите е да земете прамен од својата коса и да го ставите во вода. Тоа ќе ви открие дали е вашата коса квалитетна или не.

Доколку косата плута по површината на водата, тоа покажува дека имате здрава коса и нема потреба да бидете загрижени. Доколку потоне, значи дека е време итно да преземете нешто, бидејќи имате слаба, кршлива коса, која не е отпорна на надворешните влијанија.

Квалитетот на косата може да се подобри

Најпрво е важно да се храните здраво и да пиете доволно течности, за телото да остане хидрирано. Употребувајте маска која ќе го храни коренот. На пример, помешајте белка од јајце, лажица и пол киви, две лажици авокадо, две и пол лажици мед и неколку капки етерично масло од рузмарин.

Маската оставете ја на косата да делува 20 минути. Потоа измијте ја, но не со топла, туку со ладна вода.

Прегледи:
493
Објавено на:
02.01.2018