Во животот секогаш се добредојдени добри пријатели, а ова пријателство ќе ви го промени животот.
Компанијата за храна за мачки Misu ви порачува што поскоро да го прифатите ова барање за пријателство. Секому е потребно љубов и пријателство, па тие ви порачуваат да посвоите животно од улица, да направите добро и да му го промените животот на подобро, а верувајте љубовта ќе ви биде дупло возвратена.
„Имате барање за пријателство кое нема да се каете што сте го прифатиле. Посвојте.“ ни порачуваат тие, во кампањата изработена од Saatchi & Saatchi. Тоа ви го порачуваме и ние, бидејќи среќа е да направиш некој да се чувствува среќен и сакан.