Категории

Еве како најбргу да го отстраните целулитот од вашето тело

Зимата е период кога физичките активности ги сведуваме на минимум, поминуваме повеќе време во затворен простор и за разлика од летото многу почесто ја запоставуваме грижата за телото и телесната тежина. Особено околу празниците речиси секој од нас добива некој килограм повеќе, а кај жените тоа најчесто се манифестира преку создавање на несаканиот целулит.

За да се реши овој проблем, потребно е да се реагира на време преку примена на антицелулитни масажи. Летото доаѓа брзо, а за да се чувствувате самоуверено и удобно во својата кожа најважно е да започнете со антицелулитните масажи уште сега.

Доколку сакате антицелулитна масажа со која ќе добиете одлични резултати, без модринки по телото, а притоа да се збогувате со целулитот, тогаш вистинското место за вас е Hotel Russia Spa & Beauty салонот. Ова е местото каде што стручните физиотерапевти кои се обучени за сите видови на релакс и медицински масажи, ќе се погрижат да ја имате посакуваната форма и изглед. Овој практичен третман ја замазнува кожата и преку ритмички движења ги олабавува масните ткива и на тој начин доаѓа до изедначување на површината на кожата. Со ослободување на областите каде што најчесто се појавува целулитот, започнува процесот на природно лекување на телото. Ова ја зголемува циркулацијата на крвта и поттикнува производството на колаген.
Кај секој од нас може да се појави целулит, без оглед на возраста, телесната тежина, физичката активност или градбата. Доколку имате видлив целулит во проблематичните области како што се колковите, нозете, задникот и рацете, неопходно е да почнете со практикување на овие масажи кои се подеднакво ефективни и за мажите и за жените. Но, за да се постигнат долготрајни ефекти и на правилен начин да се отстрани целулитот потребно е вашата доверба да ја прпуштите во рацете на вистински професионалци кои знаат се во врска со антицелулитните масажи.

Терапевтите во Hotel Russia Spa & Beauty салонот користат масло за да се применат брзи, цврсти движења врз кожата. Покрај промената во естетскиот изглед на кожата, преку антицелулитните масажи добивате многу потенцијални придобивки. Се распаѓа масното ткиво, се зголемува протокот на крвта, како и се подобрува ефикасноста на кожата.

Зимата е период кога физичките активности ги сведуваме на минимум, поминуваме повеќе време во затворен простор и за разлика од летото многу почесто ја запоставуваме грижата за телото и телесната тежина. Особено околу празниците речиси секој од нас добива некој килограм повеќе, а кај жените тоа најчесто се манифестира преку создавање на несаканиот целулит. За да се реши овој проблем, потребно е да се реагира на време преку примена на антицелулитни масажи. Заштедете и купувајте во пакет? #hotelrussia #nailsofinstagram #instanails #nailsalon #beautysalon #beauty #newyear #gift #love #spa #relax #enjoy #hotelrussia #awesome #style #skopje #friends #love #amazing #happiness #фотонаденот #среќа #фотонанеделата #инстаграмџики #инстаграмџии #vscoskopje #massage

A post shared by Hotel Russia – Spa & Beauty (@hotelrussia_spa_beautysalon) on


Важно е да се напомене дека за да се постигнат овие придобивки понекогаш се потребни повеќе сесии во зависност од застапеноста на целулитот. Целулитот е речиси невозможно да се елиминира целосно, но редовната масажа може да придонесе за намалување на видливиот целулит при што вашата кожа ќе биде мазна дури и на најнежните делови. Жените кои практикуваат годишно по една или две серии од по минимум 10 трeтмани со оваа масажа имаат значително помал проблем или воопшто го немаат целулитот.

Антицелулитната масажа се фокусира на проблемот со ослободување и измазнување на целулитот. Посетете го хотел Руссиа и уживајте во многубројните услуги кои ги нуди. Опуштете се и започнете ја новата година релаксирано и полни со енергија.