Категории

Најинспиративните цитати од Стивен Хокинг

Британскиот физичар, Стивен Хокинг, е најпознатиот научник на планетата и голема инспирација за сите луѓе. 

На 21 годишна возраст му била дијагностицирана болест со амиотрофична латерална склероза, болест која влијае на моторните способности. Иако докторите му предвидувале уште 2 години живот, тој сега има 76 години, дошол до голем број откритија, напишал многу книги, држел предавања и продолжил и понатаму да инспирира.

Како испиративна личност, тој кажал многу иснпиративи цитати, меѓу кои најпознати се следниве:

„Мојот совет до лицата со инвалидитет е: Концентрирајте се на работите кои можете да ги правите, и немојте да жалите за работите кои вашиот инвалидитет не ви дозволува да ги направите. Не дозволувајте попречувањето да влијае на вашиот дух.“

„Гневот нема да ви помогне кога ќе заглавите. Она што јас го правам е работење на нешто друго додека размислувам за проблемот. Понекогаш се потребни години пред да видам напредок. На пример за губењето информации и црните дупки ми беа потребни 29 години.“

„Интелигенцијата е способноста да се прилагодите на промените.“

„Имам забележано дека луѓето кои велат дека сè е предодредено и дека не можеме да направиме ништо за да го промениме тоа, секогаш погледнуваат од двете страни пред да ја поминат улицата.“

„Сите ние сме различни, но го делиме истиот човечки дух. Можеби човечката природа е прилагодување и преживување.“