Дали некогаш сте размислувале како би изгледале луѓето од класичните фотографии доколку започнат да живеат во модерниот свет, заедно со нас?
Повеќе не мора да размислувате, бидејќи украинскиот уметник Алексеј Кондаков, користејќи Photoshop успеал да претстави некои од нив во модерниот свет.
Колекцијата на фотографии е наречена “Секојдневниот живот на боговите”. Во неа можете да најдете многу фотографии на од луѓе од класичните фотографии кои користат јавен превоз, седат на барови, се напиваат на јавни места, ручаат во локални ресторани или пак продаваат цвеќиња.