Категории

Детето кое го носеше расистичкиот дуксер, доби понуда од милион долари

Рекламата на шведската компанија за облека, H&M, беше оценета како крајно расистичка и неразмислена. Поради тоа, брендот се извини за направената грешка.

Една жена, по име Тери Манго, се претставила како мајка на детенцето и на својот профил на Фејсбук го споделила своето мислење за овој „проблем“, изјавувајќи дека тоа е еден од многу аутфити кој нејзиниот син ги рекламирал. Исто така, им посочила на луѓето да престанат да се жалат.

Оваа изјава мајката ја дала откако Пи Диди му понудил на детенцето договор за моделинг за неговиот бренд, вреден 1 милион долари. Иако потврда од него се уште нема, тој сепак на својот Твитер профил сподели модифицирана фотографија на која детенцето носи круна и дуксер со натпис „најкул крал во светот.“

Прегледи:
439
Објавено на:
13.01.2018