Категории

„Мислам дека омразата е потрошена енергија и воопшто не е продуктивна“…Што е среќа според Хичкок?

„Разговор со Алфред Хичкок“ е насловот на интервјуото од 1964 година за канадската телевизија CBC, со еден од најзначајните режисери во историјата на филмот со неговиот соговорник – режисерот Флечер Маркл.

Ова е еден извадок од интервјуото, односно одговорот на Хичкок за тоа што е среќа за него. Како чувствителен човек за него среќа е мирот и спокојството, не ги сака негативните емоции, несогласувањата меѓу луѓето, само така тој верува човек е спокоен и ја развива својата креативност.