Категории

Повеќето жени носат погрешна долна облека. Дали сте и вие една од нив?

Важно е внимателно да го бирате долниот веш, за да избегнете инфекции, осип и иритација на интимните делови. 

Избегнувајте носење танга гаќички

Иако овој модел може дополно да ја загрее атмосферата во спалната соба, носењето на танга гаќички може да биде штетно по здравјето. Траката која доаѓа во меѓуножјето, предизвикува ширење на бактерии, вклучувајќи ја и бактеријата Ешерија Коли, која се пренесува од анусот во вагината. Доколку не сакате да престанете да ги носите во текот на денот, тогаш менувајте ги во текот на ноќта дозволувајќиму на телото да дише.

Бирајте памучни гаќи

Памучната долна облека и дозволува на кожата да диши, за разлика од другите материјали – синтетика, свила, чипка… Тоа е причината зошто при носење на памучни гаќи, ризикот од инфекции е помал.

Менувајте го долниот веш по вежбањето

Кога вежбате се потите, па така се мократ и интимните делови. Бактериите сакаат топло, влажно и темно подрачје, па шансата за добивање инфекции е поголема.

Користете детергент без мирис

Иако убаво е чувството кога по перењето долниот веш мириса убаво, попаметно е да ја перете долната облека со прашок кој нема мирис. Производите кои во себе содржат мириси можат да го иритираат интимното подрачје многу повеќе.

Никогаш не носете валкан долен веш

Иако се надеваме дека никој не го практикува тоа, сепак постојат луѓе кои во недостиг на чист веш, го заменуваат со валкан. Доколку немате чист веш, подобро е да не носите никаков, отколку валкан а да се заштитите од инфекции.

Прегледи:
828
Објавено на:
12.01.2018