Многу од луѓето, без оглед на тоа дали се талентирани за пеење или не, обожаваат да пеат. Некој тоа го прави пред почетокот на испит, други за време на пазуа од работа, а некои едноставно обожаваат да пеат под туш.
За оние кои не се талентирани за пеење, сакаат да пеат, но не сакаат другите да ги слушаат , не грижете се. Постои „решение“ за вас. „Решението се вика “BeltBox”. Станува збор за маска, која ја покрива устата додека пеете. притоа пригушувајќи го гласот за 30 децибeли.
Oваа маска е одлична за професионалните пејачи кои треба да вежбаат пред настап или за оние кои не знаат кога да престанат со пеење. Маската може да ја носите секаде со вас. Така таа секогаш ќе ви биде при рака, особено во моментите кога ќе ве фати „’напад“ на пеење.