Категории

Комбинација од топло чоколадо и еспресо е најпопуларна во Шпанија

За сите љубители на топло чоколадо и еспресо, оваа комбинација од овие две задоволства ќе биде вистински погодок за вас.

Овој пијалак е популарен во Барселона, Шпанија и беше на листата на работи кои треба да се пробаат на многу луѓе кои заминаа на патување во Барселона. За, среќа, успеавме да го најдеме рецептот, па решивме да го споделиме со вас.

Направете го и уживајте.

Потребни состојки за подготовка:

150 милилитри зовриена вода

50 грама темно чоколадо, изрендано

300 милилитри млеко

60 милилитри свежо подготвено еспресо

30 грама незасладено какао во прав

30 грама кафеав шеќер

1 лажица изрендана кора од портокал

30 грама шлаг пена

Начин на подготовка:

Ставете го исечканото чоколадо во зовриената вода и мешајте додека не се стопи. Додајте го млекото со следните 4 состојки на листата и оставете ги да повријат на среден оган. Варете 5 минути или сè додека не се формираат балончиња на работ на тенџерето. Сипете ја смесата во 4 различни шолји, па поставете по 1 лажица шлаг пена над секоја од нив. За крај, декорирајте со какао во прав.

Прегледи:
406
Објавено на:
20.01.2018