Категории

Последната книга на една од најпродаваните авторки на Њујорк Тајмс наскоро во Македонија

Со издадени преку 70 книги, од кои голем број на бестселери, некои од нив се екранизирани, но сите подеднакво возбудливи и интересни приказни, авторката Сандра Браун е една од најпопуларните автори денес.

69 годишната авторка започнала да пишува во 1981 година, а оттогаш има дури 60 дела кои се на листата на најпродавани книги на Њујорк Тајмс. Нејзините дела се преведени на повеќе од 30 јазици, а има неверојатни продажби од над 80 милиони дела ширум светот.

Сандра Браун е позната по нејзините љубовни романи, но постепено го менува својот стил на пишување, па се посветува на пишување понеизвесни приказни и издава голем број на трилери. Таа вели „Природно е да се менува стилот на пишување. Го пишувам тоа што сакам да го читам. Ги сакам возбудливите, напнати приказни каде не знаеш што да очекуваш.“

 

Борејќи се со своите емоции – болката за изгубената прва љубов, тагата, недовербата и гордоста – таа е решена еден ден да се врати и да наплати за секоја пролеана солза, но и да го открие велот од ледени емоции под кој и понатаму чука човечко срце, подготвено повторно да сака. #ВоСветотНаКнигите ?? #reading #култура #книги #bookstore #инстаграмџии #инстаграмџики #tea #coffeetime #cookies #фотонанеделата #фотонаденот #фото #vscobalkan #vscomacedonia #vscoskopje #vsco #book #bookstagram #booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

Во 2008 година се закитува со титулата „Мастер за трилер“ Thriller Master, награда која ја дава Интернационалното здружение на трилер автори, но тоа е само дел од наградите и признанијата кои ги има добиено оваа авторка. Особено значајни се и наградата “Медал на уметноста на Тексас” за книжевност и „Наградата за животно дело“ од Здружението на писатели на љубовни романи на Америка.

Нејзините приказни се читаат во еден здив, а македонските читатели имаа можност да ја читаат нејзината „Здивот на скандалот“ во издание на Култура, која многу брзо стана една од најпродаваните и омилените кај читателите. Наскоро уште една возбудлива приказна на Саднра Браун пристигнува кај нас, „Стапица“ својата промоција ќе ја има на 24 јануари, во книжарницата Култура.

Стапица е приказна која уште од првата страница го изненадува читателот, со корупција, предавство и непрекината измама…приказна во која ниште не е онака како што се чини и секоја вистина изнесена на виделина покажува темна лага.

Доколку сте подготвени за уште една возбудлива приказна, таа за неколку дена ве очекува во книжарницата Култура.

 

Стапица е приказна која уште од првата страница го изненадува читателот, со корупција, предавство и непрекината измама…приказна во која ниште не е онака како што се чини и секоја вистина изнесена на виделина покажува темна лага. #ВоСветотНаКнигите #СандраБраун #bookstore #култура #книги #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонанеделата #фотонаденот #фото #vscobalkan #vscocam #ig_tones #igers #vscomacedonia #vscoskopje #vsco #book #bookstagram #booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

Прегледи:
851
Објавено на:
20.01.2018