Американската актерка Гвинет Палтроу прв пат се појави во јавност како идна невеста.
Пред неколку месеци излезе во јавност веста дека 45 годишната актерка и продуцентот Бред Фалчук направиле свршувачка во тајност, по три години врска.
Палтроу се појави на доделувањето на наградите Producers Guild во Беверли Хилс, во хотелот Беверли Хилтон во саботата вечерта, презентирајќи го добитникот на Norman Lear Achievement Award во телевизијата на Рајан Марфи.
Таа се појави во елегантен црвен фустан на Alex Perry и Christian Louboutin чевли, а го дебитираше вереничкиот прстен кој има гигантен скапоцен камен, кој на првичната фотографија од објавата на нивната свршувачка се чинеше црн, но сега може да се види дека е во прекрасна вибрантна сина боја.