Категории

Долгоочекуваната „Стапица“ на една од најпродаваните авторки на Њујорк Тајмс, Сандра Браун, од денес во продажба

Од љубовни романи, до неизвеси приказни, Сандра Браун со издадени повеќе од 70 книги е една од најпродаваните автори на Њујорк Тајмс. 

Мајсторски ги создава приказите кои се читаат во еден здив и ја воодушевуваат публиката, а македонската читателска сцена од денес е побогата за уште едно дело на македонски јазик од оваа популарна авторка.

После „Здивот на скандалот“ која ИП Култура ја издаде во 2015 година, од денес достапна е во продажба и нејзината последна книга „Стапица“.

Стапица е приказна која уште од првата страница го изненадува читателот, со корупција, предавство и непрекината измама…приказна во која ништо не е онака како што се чини и секоја вистина изнесена на виделина покажува темна лага.

Приказна за Џорди Бенет и Шо Кинард кои кога ќе се погледнат очи во очи во еден чуден бар нешто ќе заискри меѓу нив. Шо заклучува дека опасната атмосфера ги прави мажите претпазливи, а ги инспирира жените да забележуваат. Животот на бизнисменката е во опасност, а тој е пратен да ја убие.

Приказна која не е здодевна во ниту еден момент, а не е ни чудо што го достигна првото место на листата на бестселери на Њујорк Тајмс.

 

Книжарницата Култура за своите читатели нуди промотивен попуст на двете книги од авторката само денес, на денот на промоцијата

 

 

Прегледи:
1345
Објавено на:
24.01.2018