Категории

Постојат 3 вида нарцисоидни луѓе кои задолжително треба да ги избегнувате

Доколку сте во врска со нарцис или работите со такви луѓе, тоа може да биде крајно исцрпувачки и затоа е најдобро да немате контакт со тие луѓе бидејќи не се вредни за вашето време и труд.

Егзибиционист

Овие типови се нарекуваат и грандиозни. Тие размислуваат како децата, а главно мото им е „Гледај ме!“. Но, за разлика од овој тип на нарцисоидни луѓе, децата растат и сфаќаат дека светот не се врти околу нив и почнуваат да размислуваат и за проблемите на луѓето што ги опкружуваат.

Но, некои луѓе растат во семејства каде што им се говори дека се предодредени за успех, тоа им е во крвта, бидејќи фамилијарното презиме ги чини посебни.

Егзибистионичките типови никогаш не се несигурни. Кога не се фалат самите себе, омаловажуваат се околу себе. Тие се често безобразни и груби кон другите луѓе, игнорираат и дури не ни приметуваат како другите луѓе реагираат кон нив.

Прикриен нарцис

Овој вид на нарциси имаат различни особини. Некои од нив можеби и пораснале во семејство со друг нарцис кој ги обесхрабрувал. Не можеле да се натпреваруваат со него и биле секогаш омаловажувани. Тоа се луѓе кои сакаат да бидат посебни и исто како и егзибиционистите секогаш мислат дека се во право, но се многу несигурни во себе. Тие не велат „јас сум посебен“, туку укажуваат на нешто друго – на некоја личност, книга, религија, дизајнер… кои ги сметаат за посебни, и на тој начин се сметаат и себеси за посебни.

На пример, кога некој се чувствува себеси за посебен затоа што другите гледаат дека има дизајнерско парче на себе со кое чувствува поврзаност бидејќи го носи. Овие личности најчесто се сомневаат самите во себе и бараат личност која ќе ги идеализира.

Исто така, овој тип на луѓе имаат тенденција кон пасивно-агресивно однесување. На пример, кога се во романтична врска, на партнерот постојано му сервираат фрустрации. Прават тоа што сакаат, а потоа глумат жртви. Тоа што секогаш говорат едно, а прават друго кон партнерот создава чувство на полудување. За разлика од егзибиционистичкиот нарцис, прикриениот делува различно во јавноста отколку во приватниот живот.

Отровен нарцис

Овој тип на нарцис ужива во хаос и уништување. Тие не само што сакаат внимание, туку и уживаат кога другите се несреќни. Садистички се настроени, уживаат кога можат некого да повредат и да предизвикаат страв. Нив им е забавно да гледаат како некој пати додека го уништуваат.

Тоа се луѓе за кои е сосема нормално да уништат нечија кариера и да го гледаат како пропаѓа емотивно, духовно и физички. Тие обожаваат хаос и црпат енергија од него. Хармонијата не е нивна цел. Знаат да кажат дека мразат „драма“, а секогаш се наоѓаат во таква ситуација.

Прегледи:
712
Објавено на:
26.01.2018