Категории

Запознајте ја новата девојка на латино заводникот Малума

Латино заводникот, Малума, за кратко време го освои музичкиот свет и се издигна високо на врвот. Затоа не е ни чудно што медиумите постојано го следат неговиот приватен живот.

Пред неколку дена, Малума беше фотографиран од папараците како си разменува бакнежи со новата девојка.

Нејзиното име е Наталија Барулич. Наталија и Малума се запознаа минатата година за време на снимањето на неговиот спот „Felices los 4“, па веројатно токму тогаш се роди љубовта помеѓу нив.

Oваа убавата девојка има потекло од Куба. Таа успешно се пробива во модната индустрија, а веќе неколку сезони соработува со модната куќа “Guess”.

Прегледи:
404
Објавено на:
26.01.2018