Кој не сака свадбениот ден да го направи најубав и вреден за паметење? За да ја исполните оваа желба, потребно е да бидете во тек со новите трендови за венчавки.
Еден од трендовите е слатката маса. Таа го зазема местото на главните јадења. Слатката маса овозможува радоста на гостите да трае во текот на целата свадба. Покрај главните јадења, на неа можете да додадете колачи, макаронс кои ќе направат масата да изгледа впечатливо.
Цвеќе кое виси од плафонот на свадбени церемонии е исто така тренд за оваа година. Овој тренд најчесто сме гледале само на филмовите. Оваа година висечките светни аражмани ќе бидат најпосакуваните,
Што се однесува до боите, монотонијата која ја создава белата боја ќе ја заменат значително потемните, но грациозни како што се темно-сината и величествено црвената.
И за крај, со цел да нема забуна околу распоредот на масите, оваа година ќе биде тренд да ставите креативна ознака на столчињата на вашите гости. На тој начин, ќе им олесните дна вашите гости да се снајдат и да седнат.