Категории

Луѓето кои пијат чај се покреативни и имаат бујна фантазија

Ако почесто пиете чај, постои голема веројатност да имате бујна фатазија, која ве прави покреативни за разлика од луѓето кои не го консумираат овој топол напиток.

Тимот на психолози од Универзитетот во Пекинг направиле истражување, во кое биле вклучени 50 студенти во раните 20-ти години. Половина од студентите секој ден пиеле чај, а другите пиеле обична вода. Психолозите ги прателе нивните когнитивни и креативни вештини низ разни тестови.

Во првиот тест, студентите морале да креираат зграда од различни блокови и големини, а во другиот тест морале да смислат име за ресторан. Нивните резултати подоцна ги анализирале стручњаци кои не учествуввале во истражувањата. Студентите кои редовно пиеле чај освоиле повисоки оцени за креативност во двата теста.
Според резултатите од истражувањето, пиењето чај пред било каква сложена задача ги зголемува когнитивните вештини кај некои луѓе. Но, тоа не значи дека луѓето кои пијат повеќе чај дека ќе станат покреативни. Чајот содржи супстанции кои го релаксираат мозокот, бидејќи според психолозите, луѓето ги користат своите капацитети порелаксирано и затоа размислуваат поинтересно.