Сеуште не е разјаснето дали зборот „мафин“ кој прв пат се споменува во 1703 година е од германско или француско потекло, но која теорија и да ви е поблиска имал исто значење – мала торта.
Мафините можете да ги приготвите во солена и блага варијанта, а за многу мафин рецепти не ви се потребни повеќе од 5 минути.
За сите љубители на благите мафини, ви предлагаме да направите мафини полнети со чоколадо. Потребни состојки за да направите 12 мафини се следниве: 24 парчиња леб, 4 јајца, 2 лажици млеко, 1 лажица шеќер, ½ лажица цимет, малку ванила, екстракт по желба, чоколаден крем, мешавина од шеќер и цимет.
Начинот на подготовката погледнете го во видеото.