Полицијата утврдила дека некои пратки се во гаражата од неговиот дом уште од 2010 година. Меѓу нив се наоѓаат и сметки, известувања од банки и казни за сообраќајни прекршоци.
Италијанската полиција во домот на еден мрзелив поштар на северот од Италија, открила повеќе од половина тон неиспорачана пошта. „Мрзеливиот поштар“ како што го нарекуваат, кој има 56 години не е уапсен, но му се заканува казна.
Ова претставува најголемата заплетена пошта досега во Италија, а пратките кои се пронајдени ќе се групираат и конечно ќе им бидат доставени на сопствениците.