Категории

Палета на бои за кујнскиот ентериер за сечиј вкус

Стиловите за живот и вкусовите постојано се менуваат, а во таа насока и шемите за комбинирање на боите во домот.

За сите оние кои планираат да го променат елементот во кујните, имаме добра вест. Палетата на бои за оваа година е за сечиј вкус. Но, за кои бои станува збор?

Морнарско сина боја

Светло сината боја е одличен избор, затоа што дава вистинска свежина и чувство како да живеете во мало приморско гратче.

Темно сина боја

Дизајнерите сметаат дека темно зелената боја е најсекси избор, кој можете да го направите кога се во прашање кујнските елементи. Оваа нијанса оди одлично во комбинација со светло дрво и високи шанкерски столови.

Светло сива боја

Светло сивата нијанса со слаб тон на сино е веројатно најпопуларната боја во моментов. Свежината која му ја дава на просторот ја прави една од најпосакуваните бои за отворен кујнски концепт.

Речиси црна боја

Оваа нијанса дава една посебна драматична, но и авангардна нота, особено во простории коишто немаат доволно природна светлина. Темните тонови го прават просторот попријатен и попривлечен.

 

Прегледи:
512
Објавено на:
10.02.2018