Гинеколозите и акушерите секојдневно се соочуваат различни пациентки од кои добиваат безброј непромислени прашања не само од нив, туку и од нивните сопрузи.
Понекогаш за да ја направат ситуацијата поинтересна, решаваат да се шегуваат на нивна сметка. На прашањата поставени од неговите пациенти, еден шеговит гинеколог ги дал следниве саркастични одговори:
– Кој е најсигурниот метод за утврдување на полот на детето?
– Породување.
– Сопругата ми е во петтиот месец од бременоста и толку често менува расположение, што понекогаш е целосно неразбирлива..
– И, вашето прашање е?
– Мојата инструкторка за подготовката за породување ми вели дека нема да почувствувам болка, туку само притисок. Во право е?
– Да, исто како што и за торнадото би рекле дека е благо струење на воздух.
– Кога е најдобро време за епидурална анестезија?
– Штом забремените.
– Постои ли причина мојот сопруг да биде присутен во салата за време на породувањето?
– Не, доколку зборот алиментација не ви значи ништо.
– Треба ли да избегнувам нешто додека се опоравувам од породувањето?
– Да, бременост.
– Добивме бебе минатата недела. Кога мојата сопруга ќе почне да се чувствува и однесува нормално?
– Штом децата завршат факултет.