Аргентинската актерка, Луисана Лопилато, која кај нас е позната по улогата на Миа Колучи во серијата „Млади Бунтовници“, има многу причини за да се радува. По тешкиот период поради борбата со ракот на нејзиниот син Ноа, младата бунтовничка е два ипол месеци бремена со третото дете од Мајкл Бубле.
Среќната вест беше потврдена од претставник за јавноста на славниот канадски пејач. Според медиумите во Аргентина, парот ја има споделено веста само со најблиските, а официјалната потврда за бременоста се очекува кон крајот на месец март.
Луисана и Мајкл се во брак речиси седум години. Тие се родители на 4-годишниот Ноа и 2-годишниот Елиас.
Во октомври 2016 година, тие објавија дека Ноа се бори со рак на црниот дроб, по што се повлекоа од сцената и се посветија на приватниот живот.