Категории

Како да го подобрите сигналот на вашиот рутер?

Доколку некогаш Вашиот Windows оперативен систем Ви јави дека имате слаб Wi-Fi сигнал, тогаш најверојатно Вашата конекција не е толку брза и сигурна како што би можела да биде.

Уште полошо, може да ја изгубите Вашата конекција целосно во некои делови од Вашиот дом. Ако сакате да го зголемите сигналот на Вашата безжична мрежа, пробајте некои од следните совети за проширување на рангот на Вашата безжична мрежа и подобрување на нејзината брзина и перформанси.

1. Поставете го во центарот на домот

Рутерот кој испраќа Wi-Fi сигнал треба да биде во центарот на домот. На тој начин Wi-Fi брановите ќе се распространат до секој агол во вашиот дом.

2. Поставете го на високо

Никогаш не го поставувајте вашиот рутер на подот. Во спротивен случај Wi-Fi брановите ќе отидат кај соседите под вас. Најдоброто место за вашиот рутер е на ѕидот поблиску до таванот. Тоа со сигурност ќе придонесе за подобар сигнал од вашиот рутер.

3. Поставете го подалеку од друга електронска техника

Електронската техника која се наоѓа до рутерот, го намалува неговиот сигнал. Затоа запомнете: Телевизорот или пак компјутерот со сигурност треба да се наоѓа подалеку од вашиот рутер.

4. Насочете ги неговите антени во различни насоки

Ако вашиот рутер има две антени, насочете ја едната вертикално а другата хоризонтално. Така насочени, антените најдобро го предаваат Wi-Fi сигналот. Пробајте најразлични позиции на антените и така ќе определите која позиција дава најдобар сигнал.

5. Апликација за управување на Wi-Fi сигнал

Има специјални апликации со кои можете да ја проследите јачината на Wi-Fi сигналот во вашиот дом. Ваквите апликации ќе ви помогнат да разберете каде е најдобро да го поставите вашиот рутер.

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
352
Објавено на:
07.02.2018