Во последно време, побарувачката за растението коешто се користи за правење на текилата драстично се зголеми. Ова беше причината поради која производителите на текила западнаа во криза.
Тоа би значело дека чашката текила ќе треба да ја платиме поскапо во нашите ноќни клубови.
Исто така, се предвидува дека ќе има масовен недостаток на агаве, што ќе трае најмалку до 2021 година.
Според регулаторниот совет за текила и националната индустриска комора за текила, оваа година ќе бидат потребни 42 милиони агаве растенија за да се задоволи растечката индустрија за производство на текила.
Зголемувањето на побарувачката, зголемената веројатност на кражба на растенијата и зголемената цена, значат дека дестилериите ќе бидат принудени да се затворат бидејќи нема да можат да одржат конкурентна цена во однос на другите типови алкохол.