Категории

Книга на неделата:  „П.С. Сѐ уште те сакам“ испраќа порака дека љубовта никогаш не е лесна, но можеби тоа е она што ја прави неверојатна.

Интересни и романтични приказни кои младите ги обожаваат се специјалност на Џени Хан, која многу брзо во својата писателска кариера се најде на листата на најпродавани автори на „Њујорк Тајмс“.

Првата книга ја издала додека била во колеџ, и тоа е детска книга насловена Шуг, а набрзо потоа ја издава и трилогијата  „Летото кога се разубавев“, романтична приказна наменета за младата тинејџерска публика.

37 годишната авторка живее и твори во Њујорк, вели дека пишува секој момент „пишувам во кафичи, во метро, кога сум на гости“.

Во 2014 година ја започнала трилогијата „До сите момци што ги сакав“. Таа започнува да ја пишува како приказна наменета за една книга, но кога е на половина пат од книгата сфаќа дека ќе има потреба да ја раскаже приказната преку друг лик, па така се раѓа идејата за втора книга.

„П.С. Сѐ уште те сакам“ ја издава во 2015 година, а таа доживува уште поголем успех од првиот дел, добивајќи ја наградата за најдобра младинска книга 2015 – 2016 година од Азиско / Пацифичко-американските Награди за литература.

Со втората книга мисли дека го завршила кругот, дека сите приказни се раскажани, но сепак по барање на читателите, таа ја продожува приказната и ја создава трилогијата насловена „До сите момци што ги сакав“.

Првата книга од трилогијата „До сите момци што ги сакав“, беше издадена од ИП Култура. Тоа е романтичен и симпатичен роман кој многу брзо ја освои македонската читателска публика.

Приказната која го доби статусот на една од најпродаваните книги е за Лара Џин која ги чува сите нејзини љубовни писма во една шапка-цилиндар, која ѝ ја дала мајка ѝ. Тоа не се љубовни писма што некој друг ги напишал за неа, туку се оние што таа ги има напишано, едно за секое момче што некогаш го сакала ‒ пет за сите.

Кога пишува, Лара Џин го отвора свое то срце и душа и ги кажува сите работи што никогаш нема да им ги каже во реалниот живот бидејќи нејзините писма се само за нејзините очи. Сè додека не дојде денот кога нејзините тајни писма ќе бидат испратени, и, одеднаш, љубовниот живот на Лара Џин се менува од имагинарен до реален и излегува надвор од контрола.

Сега, на 12-ти февруари вториот дел од серијалот ќе ја има својата промоција. „П.С. Сѐ уште те сакам“ го поставува прашањето Може ли една девојка да биде вљубена во две момчиња одеднаш?

Лара Џин е заљубена, но сега друго момче кое го познаваше во минато ќе се врати во нејзиниот живот, чувствата на Лара Џин за него повторно ќе оживеат.  Приказна која испраќа порака дека љубовта никогаш не е лесна, но можеби тоа е она што ја прави неверојатна.

По првиот дел од трилогијата снимен е филм, кој се очекува да излезе оваа година.

На денот на промоцијата „П.С. Сѐуште те сакам“ ќе може да се купи со намалување од 10%, а доколку ја купите новата книга на Џени Хан, ќе може да го купите првиот дел од трилогијата со намалување од 30%. 

Прегледи:
883
Објавено на:
11.02.2018