Категории

Ангелите на Victoriа´s Secret позираа за Денот на вљубените

Само на еден ден од празникот “Денот на вљубените”, моделите на “Victoriа´s Secret” ја објавија новата секси кампања посветена на љубовта.

Во колекцијата дизајнирана за “Денот на вљубените” доминираат розовата, црвената и белата боја. За кампањата позираа моделите Џасмин Тукс, Роми Страјд, Тејлор Хил, Џозефин Скривер, Елса Хоск и Лили Олдриџ.

За фотосесијата девојките, освен долна облека, моделите носеа и бундички од вештачко крзно и горни делови од пижами.