Уште во минатото, бракот претставувал најголемата цел на мажите и на жените во светот. Но, за жал, младите генерации денес имаат проблеми уште на првите состаноци.
Со цел да остават впечаток на првиот состанок и да се претстават во најдобро светло, прават големи грешки и го предизвикуваат спротивниот ефект.
Затоа, решивме да се вратиме во 1938 година и да научиме нешто од генерациите од тоа време.
Ова се нивните совети:
Не бидете пречувствителни и немојте да влијаете на нивните чувства. Тоа значи дека не треба да ги терате да ви кажат нешто што не сакаат. Исто така имајте на ум дека никој не сака солзи, особено не во јавноста.
Не користете го ретровизорот за поправање на шминката. На секој шофер му е потребен за возење, бидејќи многу е непријатно кога мора да се вртите зад себе за да проверите дали има друг автомобил.
Немојте да седите во непријатна позиција и никогаш не дозволувајте да изгледате како да ви е здодевно. Дури и ако умирате од досада, бидете расположени за се, а ако мора да џвакате мастика, правете го тоа со затворена уста.
Носете свои марамчиња. Ако ја искористите неговата, можете да и направите флеки со пудрата, маскарата или карминот.
Кога танцувате заедно, не се обидувајте да разговарате. Едноставно опуштете го телото и движете се покрај вашиот партнер.
Секогаш носете градник, и внимавајте да не одберете преголем број хулахопки – така тие ќе се насоберат и нема да изгледаат убаво на вашите нозеНе го галете вашиот партнер во јавност. Секој отворен знак за љубов се смета за непристоен, особено кај личноста од другата страна.
Не почнувајте разговор за тема на кој тој/таа нема никакво познавање. Обидете се да најдете нешто што и двајцата ве интересира и фокусирајте се на тоа.
Внимавајте да не претерате со алкохолот. Бидете достоинствени во текот на целата вечер, бидејќи ако се онесвестите пред него/неа, можете веднаш да заборавите на нивното постоење. Да не го спомнуваме и фактот дека ако не го/ја познавате доволно добро, не можете да знаете дали ќе бидете безбедни крај нив.